Gjorgji Despodov is an artist and multidisciplinary designer based between Bulgaria and Macedonia. He mainly works in the visual arts field creating concepts through a wide range of disciplines such as graphic design, art direction, 3D visuals and illustration.

He graduated with a BA in Advertising Design in the National Academy of Arts in Sofia in 2019 and he currently works as a graphic designer in Digital Agency in Sofia, Bulgaria. His work is mostly inspired from the bizarre late 80’s films, television and advertisements,strengthened with digital techniques and color composing.

I had the pleasure of meeting him a while ago and I’m really happy we had the opportunity to once again chat about creativity 🙂 These are his advice…

“When I am blocked…I stop avoiding I pull up a chair and listen to what the Block has to say. Sometimes, the best thing you can do is give up, leave your desk and perform a lip sync in front of your mirror. Remember one thing, you can’t force creativity.

The idea of divine inspiration and an aha moment is largely a fantasy. I found inspiration by doing something completely out of my comfort zone. And by comfort zone I mean my computer screen. As a designer in the digital age, most of the time i am glued to my computer screen. Stepping away from it and doing something completely analogue inspires me the most.

If nothing seems to be working, here’s a tip: Don’t force it. Creativity is not a manual skill that you either do or don’t, but a series of emotional and mental tasks that sometimes just don’t work together.

Ѓорѓи Десподов е уметник и мултидисциплинарен дизајнер постојано во движење помеѓу Бугарија и Македонија. Во главно работи како полето на визуелната уметност креирајќи во различни дисциплини, од графички дизајн, арт дирекција до 3D visuals и илустрација. Во моментов работи како графички дизајнер во агенција за дигитален маркетинг во Софија, Бугарија. Неговото творештво е најмногу инспирирано од бизарните филмови во доцните 80-ти, телевизијата и рекламите, засилени со дигиталните техники и комбинации на бои.

Го имав задоволството да го запознаам пред доста време, и многу ми е мило што повторно имавме прилика да поразговараме за креативноста 🙂 Ова се неговите совети…

„Кога имам креативен блок…Не го избегнувам, земам столче, си седнувам и слушам што Блокот има да ми каже. Понекогаш, најдоброто нешто што можеш да го направиш е да се откажеш, да станеш од бирото и да направиш еден „lip-sync“ перформанс пред огледало. Запомнете една работа, не можете да ја присилите креативноста.

Идејата за боженствена инспирација и „аха“ момент во главно е фантазија. Наоѓам инспирација правејќи нешто сосема надвор од мојата зона на комфорт. А под зона на комфорт подразбирам екранот на мојот компјутер. Како дизајнер, во дигиталното време, постојано сум „залепен“ за него. Тргнувањето од пред екран и правењето нешто „аналогно“ ме инспирира најмногу.

Во моментите кога ништо не функционира мојот совет е: Не ги форсирај работите. Креативноста не е мануелна способност која или ја правиш или не ја правиш, туку серија на емотивни и ментални задачи кои понекогаш не функционираат заедно.“