I first learnt about Vesna and her art about 6 years ago when she began publishing a series of photo manipulations of her own photographs on her Instagram profile (thank you Sandra for introducing me <3). Each of them looked like its own fairy tale, with a magical, dreamy atmosphere giving you so many reasons to come back to her profile and rediscover them all the time.

Since then, she’s done so much and her work still inspires and impresses me. I’m so glad I got the chance to have a short chat with her about creativity and finding inspiration, and here are just a few of her tips.

„According to me, the creative block is a normal part of the creative process of every artist. I never take it as a big problem. On the contrary, I take it as a sort of break before climbing another level of creation. Probably, at a moment like that the creative has a need to move on to the next phase in order not to fall into monotony. It’s a moment when we realize we want to be better, but we still don’t know how. Sometimes it can be a week, two, a month or maybe even longer.

https://www.instagram.com/p/BhjPndwH-mp/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BjCdFAcnWfS/?utm_source=ig_embed

I personally have different ways of motivating myself. One way is to watch my favorite movies with good and noticeable photography. Another is to study the work of the most famous photographers throughout history, but also some contemporary photographers that impress me with their creativity. Often, I find inspiration in different forms of art such as illustrations, architecture, design. Sometimes in reading books (which is a proven way of developing imagination). Short trips to new locations can also bring freshness and creativity, and sometimes a walk in nature in a place I’ve never been to, is enough.
I document everything that inspires me and every idea. At any time of day or night I document it and put it in a small metal box in which I keep tens of miniature drawings that are just waiting for the day to become photographs.”

Прв пат дознав за Весна и нејзината уметност пред околу 6 години кога таа започна да објавува серија на фотоманипулации на нејзините фотографии и да ги објавува на Инстаграм (фала Сандра што ги сподели <3). Секоја објава изгледаше како своја мала, посебна приказна со бајковита атмосфера што даваше толку многу причини да се враќаш повторно и повторно на нејзиниот профил.

Од тогаш, таа има создадено толку многу, а нејзината работа сѐ уште продолжува да ме инспирира и импресинира. Многу ми е драго што имав можност на кусо да позборувам со неа за креативноста и наоѓањето инспирација. Ова се само неколку нејзини совети.

„Според мене, креативната блокада е составен дел од креативниот процес на секој уметник. Тоа никогаш не го сфаќам како некој голем проблем. Напротив, повеќе го гледам како еден вид на пауза пред одење на друго ниво на креативно изразување. Најверојатно, во таков момент, секој креативец има потреба да премине во наредната фаза за да не западне во монотонија. Значи, тој е моментот кога сакаме да бидеме подобри, а можеби сѐ уште не знаеме како. Некогаш тоа може да трае една недела, две, месец, а и подолго време.

Јас лично имам повеќе начини на мотивација. Еден начин е преку гледање на омилени филмови со добра и впечатлива фотографија. Друг начин е проучувајќи ја работата на најпознатите фотографи низ историјата, а исто така и на одредени современи фотографи кои ме воодушевуваат со нивната креативност. Неретко, инспирација наоѓам и во други форми на уметност, како што се илустрации, архитектура, дизајн. Некојпат, преку читање на книги (што е и докажан начин за развивање на имагинацијата). Кратките патувања на нови локации можат исто така да ми донесат свежина и креативност, а некогаш доволна ми е и една прошетка во природа на некое место каде што никогаш не сум била.

Сѐ тоа што ме инспирира и секоја идеја што ја добивам во било кое време од денот или ноќта веднаш ја документирам и складирам во една мала метална кутија во која што чувам десетици минијатурни цртежи кои што го чекаат денот да се претворат во фотографии.“