Aleksandra Kostadinovska is an amazing young photographer based in Skopje. I’m really happy we got a little chat and she shared her story of creation and how she managed to overcome her creative block. Follow her work on her website: https://www.aaaesthete.com/ or Instagram profile: https://www.instagram.com/aaaesthete/

This is Aleksandra’s way of dealing with creative block.

“The creative block, as scary as it may sound is a normal part of the growth process with each artist, regardless of his creative direction. I first met this “obstacle” two years ago. I didn’t have any idea that there can be this kind of block when you’re a photographer, but it happened. I remember that for a year I had this “middle of nowhere” state of mind, without knowing what the problem is and how I can solve it. I constantly photographed, but I felt like I had to do it, not like I loved to do it. I didn’t see myself in any of the projects and began to doubt myself and my work, and be insecure in what I loved to do the most.

Facing myself and accepting this state was the first step in dealing with the creative block. What I was able to explain myself was that I’ve been working in the same way for a long time, I got too comfortable in the comfort zone and got fed up with what I saw. The second step was to invest in new equipment and get out of that comfort zone. The photo-shoot that helped me get over this block will always be one of my favorite projects and a constant reminder that I’m capable of a lot more than what was holding me back.

Today, I’m going through my second creative block. For a few months now I’ve been feeling just like two years ago, but this time I am aware that it is a phase, there is no need for panic and that I have to make a break in order to move on even more inspired. I haven’t touched my camera for two months, but this time I’m purposely taking a break, observing things around me, listening to new music, and writing down every good idea that comes to my mind.

This time the creative block doesn’t scare me, on the contrary, it makes me happy, because as I mentioned before, this is just a phase which reminds me that now I’m growing as an artist and striving for more. I’m looking forward to what’s coming and can’t wait to see it.”

Александра Костадиновска е одлична млада фотографка од Скопје. Многу ми е драго што имав можност да поразговарам со неа на кратко и што ќе можам да ја споделам нејзината приказна. Следете ја нејзината работа на веб сајтот: https://www.aaaesthete.com/ или Instagram профилот: https://www.instagram.com/aaaesthete/

Како Александра се справува со креативната блокада, прочитајте подолу. 🙂

„Креативната блокада, колку и да звучи застрашувачки, е најнормален дел од процесот на растење кај секој уметник, без оглед на тоа со што се занимава. За прв пат со оваа “препрека“ се соочив лично пред две години. Не ни знаев дали постои фотографска блокада, но ја преживеав. Се сеќавам дека година дена имав една “middle of nowhere” состојба на умот, без да знам кој е проблемот и како можам да го решам. Постојано фотографирав, но се чуствував како да морам да го правам тоа, а не како да сакам. Не се гледав себеси во ни еден од проектите на кои работев и почнав да се сомневам во себе и во својата работа и да бидам несигурна во она што сакав да го правам најмногу.

Соочувањето со себе и прифаќањето на оваа состојба беше првиот чекор од справувањето со блокадата. Она што можев да си го објаснам на себе е дека долг период работам на истиот начин, се опуштам во комфорт зоната и сум презаситена од она што го гледам. Вториот чекор беше инвестирање во нова опрема и излагање од таа комфорт зона. Фотосесијата со која на некој начин ја победив оваа блокада засекогаш ќе ми биде еден од омилените проекти на кои сум работела и потсетник дека она на што сум способна е многу поголемо од она што ме кочело.

Денес поминувам низ втората креативна блокада. Веќе неколку месеци се чуствувам исто како и пред две години, но овој пат знам дека е период и дека нема потреба од паника и дека морам да направам пауза за да продолжам понатаму уште повеќе инспирирана. Го немам допрено апаратот два месеци, но сега свесно мирувам, ги набљудувам работите околу мене, слушам нова музика и ја запишувам секоја идеа која ќе ми прелета низ умот.

Овој пат блокадата не ме плаши, напротив ме радува, бидејќи како што напоменав погоре, ова е само период кој ме потсетува дека сега растам како уметник и тежнеам кон повеќе. Се радувам за она што доаѓа и едвај чекам да го видам.“