I had the pleasure of chatting to Ana Jakimska, film writer and director, about her pursue of inspiration. Maybe sometimes when we don’t even try to look for it, she finds a way to reach us. 🙂 This is the story of Ana’s search for inspiration…
“I never purposely search for inspiration, although I’ve tried and it had terrible results. It’s important to me to be open to life, and live through the upcoming experiences. In that sense, I find inspiration in people who enter and leave my life, and the way our stories cross.
When I work on a screenplay and notice I’ve reached a dead-end, I don’t just go on in order to reach a certain number of pages. It’s very important for me to forget that I’m working on something at the moment, in order to reach the moment when I can isolate myself with the lap top.”
Го имав задоволството накусо да поразговарам со Ана Јакимска, сценарист и режисер, за нејзината потрага по инспирацијата. Можеби некогаш кога воопшто не ја бараме таа наоѓа начин како да стаса до нас. 🙂 Ова е приказната за инспирацијата на Ана…
„Инспирацијата не ја барам свесно, иако сум се обидела и имало ужасен резултат. Важно ми е да бидам отворена кон животот и да ги преживеам искуствата што доаѓаат. Во таа смисла, инспирација ми се луѓето што влегуваат и излегуваат од мојот живот и начинот на кој нашите приказни се вкрстуваат.
Кога работам на сценарио и забележувам дека сум стигнала до ќорсокак, не продолжувам да пишувам само за да стигнам до одреден број на страници. Клучно е да заборавам на тоа дека воопшто работам на нешто во моментот, сѐ додека не стигне моментот кога ќе има повод да се изолирам со лаптопот.“