Marija is a Lisbon based fashion blogger. She shares her lovely stories and beautiful photos on her Instagram profile: https://www.instagram.com/fabulousisfreedom/ and her website: http://www.fabulousisfreedom.com/ She shared her thoughts on finding inspiration in her photography and blogging.

“I think that I lose and find my inspiration and motivation on daily basis. Every day I wake up with different kind of energy, and lately I’ve been following my tempo, and the way in which I like to document everything around me when I’m in the mood, and how I just want to leave everything on stand by for some day in the future when I’m not in the mood (of course, this happens only when I can actually afford to postpone).

I try to use it to the fullest when I’m inspired, but also not push myself when I’m not. And still, I don’t only create when I’m inspired. It sounds confusing. But when I’m missing inspiration I usually try to change something in my everyday routine (the routine is usually my biggest issue).

I change things to the smallest details in my everyday surrounding, bed sheets, curtains, I rearrange the furniture at home, I shop and add small bits and pieces, I change my usual route to home, discover new, unknown streets, I’ve even gotten to changing cities and countries. In my opinion, losing inspiration is only one normal segment of the creation process.

This made me think 2-3 weeks ago: https://www.instagram.com/p/B9mibyyKIDL/

Марија е модна блогерка која во моментов твори од Лисабон. Таа ги споделува нејзините убави приказни и прекрасни фотографии на нејзиниот Instagram профил: https://www.instagram.com/fabulousisfreedom/ и веб сајт: http://www.fabulousisfreedom.com/ Таа ги сподели своите размислувања за наоѓање инспирација во нејзиното фотографирање и блогирање.

„Мислам дека губам и инспирација и мотивација и паралелно ја враќам од ден за ден. Секој ден се будам со различна енергија и во последен период почнав да го следам своето темпо и начинот на кој сакам да документирам се околу мене кога сум in the mood и како едноставно сакам да оставам се на stand by за еден ден кога не сум (секако доколку можам тоа да си го дозволам).

Пробувам да го искористам максимумот кога сум инспирирана и да не се форсирам кога не сум. А сепак, не креирам исклучиво кога имам инспирација. Вака звучи конфузно. Но, кога ми фали инспирација обично пробувам да сменам нешто во мојата секојдневна рутина (рутината обично ми прави проблеми).

Менувам најмали работи во моето секојдневно опкружување, постелнини, завеси, преместувам мебел по дома, купувам и докупувам ситници, ја менувам секојдневната рута на патот до дома, одам по нови, непознати улички, а сум стигнала и до менување на градови и држави. Според мене, губењето на инспирација е само еден најнормален дел од процесот на создавање. 
https://www.instagram.com/p/B9mibyyKIDL/ (ова ме натера на размислување пред 2-3 недели)“