We continue the series of chats with young creatives with Angela Petrovska, a dancer, photographer, and proud owner of 2 photography Instagram profiles – porstreflexions, dedicated to her analogue camera photographs and petrovskaangela her personal profile, and digital photography diary. She shared her experiences about her creative process and how to deal with creative block. Enjoy! 🙂
“Creative block and lack of inspiration are problems with which I deal often. So often that thinking about that topic today, I figured out that I take a mini hiatus off of photographing every spring. And whilst in the past I used to panic whenever a creative block hit me, nowadays as an ‘expert’ in going through one I let time pass without overthinking it. Sometimes this underlines a change of focus (pun intended) towards another creative sphere (most often architectural projects, because unlike my camera – university doesn’t wait).
Of course sometimes time doesn’t heal everything so we need a little push in order to start creating. Often for me that involves requesting the help from a friend who will give me a small idea/concept/location/theme for a photoshoot and set up a deadline in which we should make it together. This way in the already defined frame it’s easier to focus and ideas start being more cohesive. Accordingly, this tactic includes a moodboard, so the endless hours spent scrolling through Instagram are for once a positive aspect, mostly because other people’s work starts being my entry point for a photoshoot, no matter if it’s in the shooting, modelling, or editing segment of it.
A creative block is frequently, at least for me, connected to my hope/goal of having perfect shots. That’s why grabbing an old analogue camera or a disposable camera cuts down a lot of my troubles. There is no way you’ll see the end product immediately and critique it, you don’t have to spend countless hours bothering to get just the right colors in Lightroom, and the number of shots you can take is so limited when shooting a 35mm roll of film that you can’t make a million shots, so you perfect the few that you make. Accordingly, the essence of analogue photography for me is capturing accidental moments, circumstances, or just chasing the perfect light, which is why it doesn’t entail with it countless hours of planning and outlining.
If these processes don’t help dealing with creative block, then there is always one last resort- organizing the archives and searching through segments of past photographs which I would want to emulate in another way in the future. Updating my Behance portfolio has so far proven as a great way of dealing with creative block”.
Ја продолжуваме серијата на разговори со млади креативци со Ангела Петровска, танчерка, фотографка и горда сопственичка на два Instagram профили – porstreflexions, посветен на нејзините фотографии со аналоген апарат и petrovskaangela нејзиниот личен профил и дневник на дигитални фотографии. Таа ги сподели своите искуства за креативниот процес и справувањето со креативна блокада. Уживајте! 🙂
„Креативната блокада и немањето инспирација се проблеми со кои се справувам често. Толку често што деновиве размислувајќи баш за таа тема, се просветлив дека секоја пролет правам мини хиатус од фотографирање. И додека порано паничев во моментот кога ќе ме фати креативна блокада, сега веќе како ‘експерт’ во поминување низ една само го оставам времето да тече без да се преоптоварувам. Некогаш ова подразбира променување на фокусот (pun intended) кон друга креативна сфера (најчесто архитектонски проекти, зошто факултетот не чека за разлика од фотоапаратот).
Секако, некогаш времето не лечи се, па ни треба мал поттик за да започнеме да креираме. Најчесто за мене тоа вклучува барање помош од другар/ка што ќе пушти мала идеја/концепт/локација/тематика на фотосесија и ќе зададе рок до кој би требало заедно да ја склопиме таа фотосесија. Вака во веќе зададени рамки ми е полесно да се фокусирам и идеите почнуваат да стануваат кохезивни. Соодветно, во оваа тактика се вклучува moodboard, така што scroll-ањето низ Instagram со саати е конечно позитивна работа, бидејќи туѓите фотографии ми стануваат добри точки за отпочнување со фотосесијата, независно дали во одделот на фотографирање, позирање или пак обработка на фотографиите.
Креативната блокада е честопати, барем за мене, поврзана со желбата моите кадри да се перфектни. Затоа грабнувањето на стар аналоген апарат или пак апарат за една употреба ми скратува многу од маките. Немаш шанса веднаш да го видиш исходот и да го критикуваш на лице место, нема потреба да се преоптоваруваш со постигнување на точните бои користејќи Lightroom и бројот на кадри е мал кога фотографираш на 35mm ролна филм, па не испукуваш милион кадри во секунда, туку ги перфекционираш оние неколку кои ќе ги направиш. Соодветно, поентата на аналогната фотографија за мене е фаќање на одреден случаен момент, околност, или само ловење на перфектното светло, па затоа со себе не повлекува саати организирање и детализирање.
Ако овие процеси не помогнат во справувањето, секогаш има една крајна резерва- организирање на архивите и пребарување на сегменти во поранешни фотографии кои би сакала да ги преточам на друг начин во иднината. Update-ирање на Behance портфолиото досега ми се има докажано како одлична фора за справување со креативна блокада.“