Mateja Nikolikj is an awesome young illustrator and graphic designer. Her illustrations are sooo fresh and modern, always telling interesting stories, making you want to look at them longer, just to discover new segments of the big picture. She shared her thoughts on the creative block and finding inspiration, and I have to say this is the first time in the Creative Talks someone has had this type of opinion on creative block. Here are her thoughts…
I don’t want to sound strange, but I honestly don’t believe in the creative block. 🙂
At least as a concept. I don’t think that creativity is just one part of you that sometimes can be cut into pieces – on the contrary, it’s a problem-solving force which drives you in everyday life. The things that make us have moments when “we’re not doing our best” are just the other aspects of life that take priority at times. I would say that we just place the creative urges somewhere far within us. At least for me it’s that way, so when those times come, I focus on some other kind of creation, cooking, writing, reading, exploring a new topic of interest that has a potential to become new piece of art in the future.
I find it absolutely important at those times, to stay active in any way that doesn’t have to be connected with the creative field in which you usually create. It helps me overcome those remaining everyday situations, and get back on track.
I find inspiration in everything (I know it’s a cliché, but there’s a reason for it), most often in talks with my close group of people that manage to transfer me to an idea that I can develop, explore etc.
I also follow what is happening in the world of design and illustration, so sometimes that can be very productive. The ideas are born when I read, watch TV shows or movies, even when I work, and they often appear when I ride a bike or cook – probably because that’s when I let my brain wander at those times 😊
Матеја Николиќ е супер млада илустраторка и графичка дизајнерка. Нејзините илустрација носат многу свеж и модерен изглед, секогаш раскажувајќи интересни приказни, правејќи едноставно да сакаш да ги гледаш што подолго за да ги забележиш сите сегменти на големата слика. Таа ги сподели нејзините размислувања за креативниот блок и наоѓањето инспирација, и морам да признаам дека ова се првите Creative Talks во кои некој има ваков поимање на креативната блокада. Ова се нејзините размислувања…
Не сакам да звучам чудно, но искрено не верувам во креативна блокада 🙂
Како концепт барем 🙂 Не мислам дека креативноста е само една нишка во тебе која понекогаш се сече на периоди – туку напротив, таа е the problem solving force која секако те движи во секојдневниот живот. А она кое прави да имаме периоди каде ‘не ни иде баш најдобро‘ се само останатите аспкети од животот кои во тој момент земаат приоритет. Така некако можеби би рекла дека ги сместуваме креативните пориви некаде далеку во нас. Барем за мене е така, па кога доаѓаат тие периоди само продолжувам со некаков друг начин на творење, готвам, пишувам, читам, истражувам на некоја тема која ме интересира и потенцијално може да стане некакво дело понатаму.
Сметам дека е апсолутно важно во тие периоди да се остане активен, на било каков начин кој и не мора да е поврзан со креативното поле во кое се изразувате. Тоа ми помага да ги пребродам оние останати секојдневни ситуации, и со тоа да се вратам на линија 🙂
Инспирација наоѓам во сѐ (знам дека е клише, но клише е со причина), но најчесто во разговор со моите блиски кој асоцијатвно ќе ме однесе кон некоја идеја која потоа ја развивам, истражувам за неа итн. Исто така доста следам што се случува во светот на дизајнот и илустрацијата, па и тоа понекогаш е доста продуктивно. Идеите се раѓаат и кога читам, гледам серии или филмови, дури и кога работам, а многу често ми се случуваат кога возам точак или готвам – веројатно бидејки го пуштам мозокот да шета во тие моменти 🙂