Hristina Gjorgjievska is a young artist, student of the Faculty of Fine Arts in Skopje. She reached out to us with the desire to share her opinion on creation during the pandemic and her creative process. We off course instantly said yes 🙂 Here are Hristina’s thoughts…

The current pandemic definitely reached us all on an emotional level. It closed us off in our homes, separated us from our everyday routines, activities that required the outdoors, or among people. For artists, creatives, students of Arts Faculties this is truly a large challenge, since they are not free to create, there are talks everywhere about the virus, but not about our ideas, images of the fictional world, our definitions of beauty.

As a student of the Faculty of Fine Arts, but also as an author, it is my opinion that we, the artists, have the power to move the attention and place the focus on certain things, help forget about the current reality, as cruel as it is. The materials that are available to us at our homes are sometimes not enough for us to express ourselves in the way we have imagined, and we don’t have a physical space where we could present our work, but I believe that the digital world can truly help because we can connect, exchange opinions and ideas in a matter of seconds.

In my work, regardless if it’s digital illustrations, graphics, drawings, I like to focus the attention to bright colors, playfulness, implemented in the forms of the fun life. Each of my works are motives of the music I’m listening at the moment, so some of my works can remind you of a certain music genre or song. Visual arts can’t work only as a visual representation, it is necessary to combine it with other types of art in order to create magic led by many senses.

https://www.instagram.com/p/B6I0c4_nvWv/
https://www.instagram.com/p/B_-WGiLnF6c/

Христина Ѓорѓиевска е млада ументица, студент на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Таа нè контактираше со желба да го сподели своето мислење за креирање во пандемијата и нејзиниот креативен процес. Ние секако, инстантно рековме да 🙂 Ова е приказната на Христина…

Пандемијата која што е актуелна тема моментално, дефинитивно допре до сите на емоционално ниво. Колку што допре, толку нѐ затвори сите во своите домови, нѐ оддалечи од нашите секојдевни рутини, десјтвувања кои што беа нужни да се случат надвор, помеѓу луѓе. За уметниците, креативците, студентите на уметничките факултети ова е навистина еден голем предизвик бидејќи не се повеќе слободни да творат, насекаде околу нас се збори само за вирусот, но не и за нашите идеи, нашите замисли за фиктивниот свет, нашите дефиниции за убавината.

Како студент на Факултет за ликовни уметности, но и автор, сметам дека ние, уметниците, ја имаме моќта да го пренасочиме вниманието и да акцентираме одредени нешта, на момент да заборавиме на реалноста, колку и да е сурова.  Материјалите пак, кои ни се достапни во домот понекогаш не се доволни за да се изразиме како што замислуваме, и немаме пристап до физички простор каде што би можеле да ги изложиме делата, но сметам дека дигиталниот свет моментално многу ни е од полза бидејќи можеме во секунди да оствариме поврзаност со голем број на луѓе, да размениме мислења и идеи.

Преку своите дела, без разлика дали се дигитални илустрации, графики, цртежи, сакам да го пренасочам вниманието на ведрите бои, разиграноста, имплементирани во формите на забавниот живот. Сите дела кои што ги работам се со мотиви на музиката која што ја слушам во тој момент, па така, дури може и некое дело да потсеќа на одреден жанр на музика, одредена песна. Ликовната уметност не може да функционира стриктно како визуелно отелотворение, нужно е и други уметности да замешаат прсти за да се долови магија предводена од повеќе сетилни искуства.