Creative Tips: Quarantine Chronicles
Препорака за денес се карантинските хроники на гостинот на осмите Creative Talks, @txemico Нема многу да ви најавувам освен дека ќе се изнасмеете 🙂
Книгата можете веднаш да ја нарачате тука: https://themico.mk/
Category
Препорака за денес се карантинските хроники на гостинот на осмите Creative Talks, @txemico Нема многу да ви најавувам освен дека ќе се изнасмеете 🙂
Книгата можете веднаш да ја нарачате тука: https://themico.mk/
По препорака на Елена и Петар, гостите од осмите Creative Talks, викендов гледаме Chef’s Table. Супер интересни приказни за кулинарски креативци од целиот свет. Серијата е достапна на Netflix 🙂
Read moreКога зборуваме за креативност, Saturday Night Live едноставно не смее да се пропушти 🙂
SNL е sketch comedy емисија која веќе 45 години се емитува во живо секоја сабота на NBC. Секој пат со нови скечеви, врзување со актуелни теми и случувања.
Погледнете што значи да се организира една таква огромна машинерија во нивниот серијал „Creating Saturday Nigh Live“ на YouTube 🙂 .
Препорака за денес е „Milton Glaser: To Inform & Delight“, документарен филм за животот и делото на легендарниот графички дизајнер Milton Glaser.
Дознајте повеќе за неговата приказна, развојот како графички дизајнер и приказните зад големи кампањи и бренд идентитети кои веќе се толку познати, што се станати дел од нашето секојдневие.
Денешната препорака за книга е збирка на мисли и совети од еден од најцитираните адвертајзинг креативци, основач на агенцијата Ogilvy & Mather, неретко нарекуван и „татко на адвертајзингот“, David Ogilvy.
Must read за сите кои барем малку ги интересира како функционира светот на копирајтингот и адвертајзингот.
It doesn’t have to be crazy at work на Jason Fried and David Heinemeier Hansson е супер поттик да размислиме за балансот помеѓу работа и приватност, како и количината на стрес која ја имаме додека работиме. Супер четиво особено во овој период кога границите на дома-работа се многу заматени 🙂
Интересна книга за најчестата борба кај сите креативци – борбата со себеси.
Не можам да ви ветам дека ќе ви ги реши сите проблеми со самокритиката, но ќе ви покаже една нова перспектива на ситуациите во кои ја критикувате сопствената работа.
LA Originals е одлична приказна за двајца од најзначајните ликови на урбаната култура на LA, фотографот Estevan Oriol и tattoo артисот Mister Cartoon. Освен што ќе се изнагледате пофалби од куп големи имиња, ќе видите како успеале да ја развијат и одржат својата уметност, да имаат огромни растови и падови, но сепак да останат искрени на себе си и своето до ден денес. Ѕирнете повеќе за филмот тука: https://www.imdb.com/title/tt12027020/ .
Уште една одлична и многу инспиративна книга 😊 Во Creative Quest, Questlove зборува за неговиот креативен процес, за лекциите кои ги има научено од соработките со големи креативни умови, но и за пречките кои ги среќавал по пат во неговата кариера. Читнете ја што поскоро, ви ветувам дека ќе ве насмее и мотивира 😊
Ако си барате интересен блог за следење, ви го препорачувам @manrepeller https://www.manrepeller.com/
Супер комбинација на хумор, интересни lifestyle совети и откачени модни објави кои комплетно ги рушат предрасудите за типичните модните блогерки. Ќе си соберете инспирација и ќе се изнагледате убави фотки од Њујорк 🙂 p.s. За @skopjecasual веќе знаете, не морам да го спомнувам, нели? 😀